Успех по хемија на гимназијалците

На општинскиот натпревар по Хемија кој се одржa на 20 февруари 2026 година учениците од нашата Гимназија го постигнаа следниот успех:

Теона Шиникоска  ученик во прва година освои II награда и пласман на регионален натпревар, ментор Билјана Стевоска

Елена Павлоска ученик во прва година освои II награда и пласман на регионален натпревар, ментор Билјана Стевоска

Михаил Бајмакоски ученик во прва година освои III награда , ментор Билјана Стевоска

Викторија Илоска ученик во прва година – пофалница, ментор Билјана Стевоска

Димитар Велкоски ученик во втора година освои III награда и пласман на регионален натпревар, ментор Јасминка Иваноска

Калина Јамандиева ученик во трета година доби пофалница и пласман на регионален натпревар, ментор Јасминка Иваноска.

Честитки за постигнатите резултати на сите натпреварувачи и  нивните ментори и уште поголеми успеси на следните натпревари!