Нашата Младинска заедница најавува соработка со Europe House

Со особена чест и огромно задоволство ја најавуваме новата соработка помеѓу Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид и Europe House.

Ова партнерство претставува значаен чекор напред за младинското делување во нашето училиште и заедница. Europe House ќе биде главен спонзор на најновата иницијатива на Младинската заедница – подкастот „Гимназиски Муабети“, платформа создадена од млади за млади, каде отворено ќе зборуваме за теми што нè засегаат сите нас: образование, ментално здравје, предизвици, соништа и реалноста на гимназискиот живот.

Поддршката што ја добиваме е доказ дека младинскиот глас има вредност и дека кога младите имаат идеја, визија и храброст постојат партнери кои веруваат во нив. Заедно создаваме простор за дијалог, критичко размислување и инспирација.

Веруваме дека оваа соработка ќе донесе нова енергија, квалитетна содржина и уште поголема вклученост на гимназијалците во креирањето на позитивни промени.