ПРИЛЕП ВО ЗНАКОТ НА НАУКАТА: НОВ БЛЕСОК НА НАШИТЕ ФИЗИЧАРИ!

На регионалниот натпревар по физика одржан на 4 април 2026 година во Прилеп, нашите ученици уште еднаш докажаа дека знаењето е нивната најсилна страна. Во силна конкуренција, тие се вратија со раце полни награди и признанија, потврдувајќи го високиот квалитет на работа во нашето училиште.

Сребрен сјај за прва година

Најмладите натпреварувачи беа вистинско освежување, покажувајќи исклучителна посветеност:

Виктор Милевски (I година) извојува висока Втора награда под менторство на проф. Марија Сиљаноска.

Мартина Димоска (I година) исто така се закити со високата Втора награда под менторство на проф. Виолета Никовска.

Бронзена прецизност и пофалници

Успешната низа продолжи со одличните резултати на останатите претставници:

Михаил Стојкоски и Нина Кузманоска (I година) ги освоија Третите награди, додека нивната соученичка Елена Павловска (I година) доби заслужена Пофалница, сите под менторство на проф. Виолета Никовска.

Во втора година, Никола Танески го потврди својот континуитет со освоена Трета награда ментор проф. Јасмина Јанева.

Матурантот Дарио Павлески (IV година) го заокружи успехот со Пофалница, исто така под менторство на проф. Јасмина Јанева.