Нашите гимназијалци освоија второ место на 52. Општински натпревар по прва помош под мотото „Првата помош спасува животи“ во организација на Црвен крст Охрид.
Во екипата беа гимназијалците Ања Алческа (тим-лидер), Дарија Талевска, Филип Танаскоски, Матеј Бакулески, Кристина Настоска и Евгенија Маркоска заедно со менторот професорот Перчо Божиновски.
Постигнатиот успех не е случаен, тој е резултат на знаење, посветеност, дисциплина и пред сè хуманост.
Продолжуваме со истата енергија и верба, следната година одиме уште повисоко со истата посветеност да си го вратиме првото место!







