Со особена гордост ја споделуваме веста дека на регионалниот натпревар по италијански јазик, одржан на 22.04.2026, нашата ученичка Маја Кочоска од II-8 постигна значаен успех освојувајќи го третото место.
Со овој извонреден резултат, Маја обезбеди пласман на државниот натпревар, кој ќе се одржи во текот на месец мај на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Овој успех е резултат на нејзината посветеност, труд и љубов кон италијанскиот јазик, како и на континуираната поддршка и професионално водство од нејзиниот ментор, проф. Кристина Љубисављевиќ Петровска.
Им посакуваме многу успех и одличен пласман и на државниот натпревар!
