Отворен ден на Гимназијата: Историјата во живо – од Антиката до современото време

На отворениот ден на нашата Гимназија, активот по Историја особено се истакна со богата и содржајна изложба која ги опфаќаше различните историски периоди – од Антиката, преку Средниот век, па сè до Втората светска војна.

Во рамките на нашата поставка беа изложени разновидни предмети и артефакти, меѓу кои историски оружја, стари алатки и предмети од секојдневниот живот. Посетителите имаа можност одблиску да ги разгледаат и да се запознаат со нивното значење, додека учениците од активот по историја активно учествуваа во нивното презентирање и објаснување.

Нашиот актив привлече голем интерес кај посетителите и придонесе за збогатување на целокупната програма на настанот. Преку оваа изложба, уште еднаш се нагласи важноста на историјата и нејзината улога во разбирањето на минатото и градењето на иднината.