На Државниот натпревар по англиски јазик, одржан на 9 мај 2026 година во Скопје, учениците од нашето училиште постигнаа извонредни резултати и достојно ја претставија нашата Гимназија.
Со особена гордост ја истакнуваме освоената I награда на ученичката Елена Николоска од III година под менторство на проф. Нела Коњановска Танеска, што претставува голем успех и потврда за нејзината посветеност, знаење и труд.
И останатите ученици се закитија со награди:
I година
Борис Тодороски – III награда
ментор: проф. Даниела Спироска
II година
• Марија Николовска – III награда
• Михаела Стефаноска – III награда
ментор: проф. Сузана Ристеска
III година
• Елена Николоска – I награда
• Елена Веруш – II награда
ментор: проф. Нела Коњановска Танеска
Им честитаме на сите ученици и нивните ментори за одличниот успех, вложениот труд и достојното претставување на училиштето.
Ви посакуваме уште многу успеси и нови достигнувања!