Денес, на градскиот плоштад “Св. Климент Охридски”, точно на пладне, матурантите танцуваа на Штраусовиот “Квадрил” од операта “Лилјакот” како дел од нивната матурска парада која, во нашиот град, традиционално се одржува повеќе од една деценија.
На почетокот на настанот матурантите ги поздрави Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски кој посака да бидат добри и одговорни луѓе.
Оваа година матурантите од Охрид ги подготвуваше професорката по спорт Катерина Стојаноска.
Заедно со нашите матуранти во исто време танцуваа и нивните врсници од: Скопје, Струга,Струмица, Гевгелија и Куманово како и во градови во Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.
Оваа матурска парада претставува заокружување на нивното средношколско искуство и почеток на една нова фаза во нивните животи.
Среќно матуранти





