Со стихови во новата учебна година – гимназијалците на преведувачка работилница

Нашите ученици од прва и втора година учествуваа на работилница за препев на поезија од англиски на македонски јазик во соработка со Градската библиотека „Григор Прличев“.

Идејата беше охридската јавност да се запознае со британскиот поет Ендру Риџвеј преку македонските препеви на избор од неговата поезија, што нашите гимназијалци ги подготвија под менторство на проф. Ана Топенчарова Коваческа и проф. Даниела Спироска.

Сите учесници покажаа голем интерес, креативност и меѓусебна колегијалност во текот на процесот на препев, но исто така одлично се претставија и на поетското читање, кое се одржа во петокот во Градската библиотека „Григор Прличев“.

Уште еден прекрасен пример како јазикот, поезијата и креативноста ги поврзуваат младите со светот!