МАНУ со вредна донација за Гимназијата

Книгите се темелот врз кој се надградува знаењето, се обликува критичката мисла и се отвораат нови видици.

Нашата Гимназија со особена благодарност ја прими вредната донација на книги од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Овој благороден чин претставува значајна поддршка на образовната и културната мисија на нашето училиште, но и потврда дека вложувањето во знаењето, литературата и младите генерации е вложување во иднината.

Новите книжевни содржини ќе бидат драгоцен извор на сознанија, инспирација и интелектуално надградување за нашите ученици и наставници.

Упатуваме искрена благодарност до МАНУ за дарежливоста, довербата и препознавањето на значењето на образованието како темел на едно просветено и културно општество.