Наши ученици на едукативна активност во Собранието на Република Македонија

На 12.11.2024 година наши ученици придружувани од професорите Тања Билко и Јане Богоески го посетија Собранието на Република Македонија.

Покрај делот за посета и запознавање со работата на Собранието, тие учествуваа и на едукативната активност “Имам став!” на која имаа можност да ги искажат своите ставови, аргументи и предлози кои би можеле понатаму да се имплементираат како предлог измени во законот.  

Опфатени беа теми како:

– Иселување на младите

– Младинска невработеност

– Реформи во образованието

Сите овие теми се актуелни за младите луѓе за кои што тие трагаат по одговори и најдобри решенија затоа што “На младите светот останува”.