Вчера, 31.12.2024, со почеток од 12:30ч, во рамки на предновогодишната програма на Општина Охрид ОХРИДСКА НОВОГОДИШНА ПРИКАЗНА,на градскиот плоштад, како Млади Охридски музичари, настапи Гимназискиот бенд.
Присутните имаа можност да уживаат во новогодишната музика и прекрасната атмосфера што ја направија нашите талентирани гимназијалци.
Настапуваа: Марко Трифуноски, Димитар Силјаноски, Илија Волканоски, Мартин Мацкоски, Стефан Булески, Димитар Веслиевски, Софија Мирческа и Ива Китеска под менторство на проф. Љупчо Аслимоски.




