На 15 март 2025 година се одржа општински натпревар по англиски јазик. Гимназијалците се претставија во одлично светло и постигнаа солидни резултати.
Ученичките Михаела Стефаноска и Сара Котеска од прва година освоија втори награди под менторство на проф. Сузана Ристеска.
Јована Шутароска од втора година освои трета награда под менторство на проф. Љубинка Јанева Дукоска.
Од трета година Исидора Маркоска освои втора, а Јован Попоски трета награда под менторство на проф. Ана Топенчарова Коваческа.
Сите петмина обезбедија учество на регионалниот натпревар по англиски јазик.
Ученичката Ива Филипче се покажа во одлично светло под менторство на проф. Нела Коњаноска Танеска, но ѝ недостасуваше еден поен за пласман на регионалниот натпревар.