Втора награда и две пофалници на 58. Детски Рацинови средби

Секој нов стих е светлина што ја буди младоста, секој збор е мост меѓу генерациите на 58. Детски Рацинови средби во Велес слушајќи се гласно трепетот на Рациновата мисла.

Талентираните гимназијалци под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски освоија една втора награда и две пофалници:

Втора награда за Иво Георгиески (III-7) на меѓународниот поетски конкурс ,,Кога денот од стих се раѓа” во конкуренција на 1172 поетски творби:

,,Зашто денот што од стих се раѓа
е како песна: жива,
силна, моја, твоја… Рацинова, наша!”

Пофалница на Јована Крстаноска (II-6) за учество на рецитаторскиот натпревар, влез во финале и трет круг меѓу 12 најдобри рецитатори во Македонија:

,,Угаснете и светлини!
Мрак да биде – каракамен.”

Пофалница на Матеј Баткоски (II-5) за учество на натпреварот во ораторство и меѓу 12 најдобри оратори во Македонија:

,,…И додека последниот збор не згасне, додека последниот работник не замолчи, поезијата ќе живее, Рацин ќе живее, а со нив и народот.

Работничко мастило, поетска крв – тоа сме ние, сите сме Рацин!”

Млади срца кои знаат да го носат факелот на Рациновиот дух и нивниот успех е потсетник дека сите сме Рацин, сите сме дел од една бескрајна песна што никогаш нема да замолчи!