Со големо задоволство информираме дека нашата Гимназија доби нов 3Д печатач, значајно технолошко унапредување за наставниот процес.
Овој современ уред ќе им овозможи на учениците да ги претворат своите идеи во реални модели, да стекнат практични знаења и да ја развиваат креативноста, логичкото размислување и иновативниот дух. 3Д печатачот ќе се користи во наставата по информатика, но и по другите предмети како и во проектни и воннаставни активности. Ќе се изработуваат предмети и нагледни средства кои значително ќе го подобрат и збогатат наставниот процес.
Со оваа инвестиција, училиштето продолжува да оди во чекор со современите образовни трендови и да создава услови за поквалитетно и поинтересно учење.
