На Отворениот ден на нашата Гимназија, штандот на активот по физика привлече големо внимание и беше вистинска атракција за посетителите!
Основците имаа можност на интересен и креативен начин да ги покажат своите знаења, преку забавна активност во која требаше да ги препознаат физичките закони запишани на ливчиња поставени врз колачиња.
Со оваа несекојдневна активност, физиката се претвори во вистинска игра на знаење, логика и тимска работа, а насмевките и позитивната атмосфера беа доказ дека науката може да биде и забавна и вкусна!
Спој на знаење, дружење и малку шеќер за подобра концентрација — токму така изгледаше физиката на нашиот Отворен ден!

