Нашата ученичка Маја Кочоска од II-8 освои второ место на Државниот натпревар по италијански јазик под менторство на проф. Кристина Љубисављевиќ Петровска. Натпреварот се одржа на 12 мај 2026 година на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Со своето знаење, посветеност и љубов кон италијанскиот јазик, Маја постигна извонреден успех и достојно го претстави нашето училиште на државно ниво.
На свеченото доделување на дипломите присуствуваше и Амбасадорот на Италија во Република Македонија, Паоло Палминтери, чие присуство му даде особено значење на настанот.
Упатуваме искрени честитки до Маја за овој значаен успех, како и до нејзиниот ментор за вложениот труд и поддршка.
Посакуваме уште многу успеси, нови предизвици и достигнувања во иднина!

