Во рамки на Отворениот ден на нашата Гимназија, Активот по спорт организираше спортски натпревари и активности на училишното игралиште, создавајќи атмосфера исполнета со енергија, дружење и тимски дух!
Во организацијата и реализацијата активно учествуваа и колегите, како и учениците од Спортската академија, кои со својата посветеност и ентузијазам придонесоа за успешен и динамичен настан.
Особено ни беше драго што нè посетија деветтоодделенците од сите основни училишта од Охрид, кои имаа можност одблиску да ја почувствуваат спортската атмосфера, да учествуваат во активностите и да бидат дел од позитивната енергија на нашата Гимназија.
Спортот уште еднаш покажа дека обединува, мотивира и создава нови пријателства преку фер-плеј, соработка и заедничка радост.
Благодарност до сите учесници, гости и посетители кои беа дел од овој прекрасен спортски ден!

