Денес училишниот двор на нашата Гимназија повторно беше исполнет со насмевки, возбуда и она посебно чувство што го носи првиот училиштен ден.
Најновите членови на нашето гимназиско семејство – учениците од прва година – денес за првпат ги отворија портите на Гимназијата. Во училишниот двор ги пречекаа нивните класни раководители, со топло добредојде и порака дека од денес започнува едно ново, убаво и значајно поглавје во нивниот живот.
А тука се и нашите ученици од втора, трета и четврта година, кои веќе добро знаат дека Гимназијата не е само место каде што учат – туку место каде што растат, созреваат, создаваат пријателства, откриваат и ги градат нивните соништа.
За нашите првачиња, можеби денес сè изгледа ново и непознато. Но, веруваме дека многу брзо овие ходници, училници и училишниот двор ќе станат дел од нивните најубави спомени.
Добредојдовте, драги наши ученици од прва година!
Ви посакуваме храбро да чекорите, љубопитно да откривате, да грешите и повторно да се обидувате, да се смеете гласно и да сонувате уште погласно.
А на сите наши ученици од I до IV година – им посакуваме успешна, исполнета и незаборавна учебна година!
Заедно да создадеме уште една убава гимназиска приказна.
Добредојдовте назад и добредојдовте дома!






