Почит кон минатото, чекор кон светлата иднина!
Под менторство на проф. м-р Перчо Божиновски, нашите ученици беа дел од свечената академија на Општина Охрид по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, насловена „Од идеја до независност“, што се одржа на малата сцена во НУЦК „Григор Прличев“.
Преку впечатлива драматизација, нашите млади таленти ги оживеаја ликовите на историските херои:
Шестмината визионери кои ги поставија темелите на непокорот – идеалот што подоцна постана симбол и знаме на вековната борба за слобода:
Јон Ѓорѓиевски во улогата на Христо Татарчев,
Матеј Баткоски во улогата на Петар Поп Арсов,
Александар Ковачески во улогата на Иван Хаџи Николов,
Мартин Мацкоски во улогата на Андон Димитров,
Матеј Бакулески во улогата на Христо Ботанџиев.
Инспиративните изведби што го доловија духот и љубовта кон татковината:
Леа Шумуликоска, Климент Размоски, Лора Шумуликоска и Ангела Ивановска преку улогите на Анастасија Узунова, Христо Узунов, нараторот и младите луѓе кои ги пренесоа пораките за вечност.
Секој чекор на сцената беше потсетник дека знаењето, храброста и идеалите од минатото се најдобриот патоказ за иднината. Вие, наши млади херои, покажавте дека традициите и вредностите не само што се помнат, туку и гордо се живеат. Продолжете да творите, да сонувате и да чекорите храбро кон вашите успеси, вие сте светлата иднина на нашиот град и нашата татковина!
