Кои се тие што доаѓаат?
Тоа се нашите ученици, новите генерации кои во своите дланки носат свежи идеи, нови сфаќања и одговори на сите наши дилеми. Преку силата на убавиот збор со петтото јубилејно издание на поетската збирка „Тие доаѓаат“ од Општина Охрид, тие чекорат храбро кон иднината, оставајќи неизбришлив белег во културниот мозаик.
Со својата извонредна талентираност и творечка креативност, дел од поетската збирка станаа нашите гордости:
Марија Тодороска (II-1)
Евгенија Маркоска (II-2)
Михаил Николоски (IV-6)
Марија Шиникоска (IV-7).
Водени и постојано инспирирани од нивниот ментор, професорот по Македонски јазик и литература, м-р Перчо Божиновски, овие млади автори уште еднаш докажаа дека секој нивен стих има моќ да допре, да менува и да инспирира.
Свечената промоција на книгата чиј уредник е Митре Велјаноски, а приредувач Славе Ѓорѓо Димоски, се одржа во галеријата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, во рамките на одбележувањето на величествениот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Честитки за нашите млади поети и нивниот ментор!
Ви посакуваме уште многу инспиративни страници и уметнички триумфи!


