Барање за прибирање понуди за фотографирање

ПРЕДМЕТ: Барање за прибирање понуди

  1. Поднесувач на барањето е ОСУ”Св.Климент Охридски” – Охрид. со адреса ул.Димитар Влахов бр.71
  2. Предмет на барањето: изработка на фотографии, изложбено табло, алманах и футроли за дипломи за учениците од завршните класови во учебната 2020/2021 год.

Понудата треба да содржи:
а) Цена по ученик за:

  • Фотографии: 6 фотографии 6х9 цм.(една е за таблото) и
    4 фотографии со големина 13х18 цм., изработени во колор техника;
  • футрола за диплома со лого од гимназија;
  • алманах од Генерацијата 2020/2021 во црно бела штампа и корица мек повез во колор(на предната или задната страна да е обавезно Гимназиската зграда);
  • изработка на голема изложбено табло(со димензија зависно од бројот на учениците во генерацијата) и урамување на истото кое останува во сопственост на Училиштето;
    б) Услови кој треба да ги исполнува фирмата-понудувач(не
    занаетчиска фирма):
  • ИЗВОД од регистрација на дејност (ИСКЛУЧИВО фотографска) и тековна состојба НЕ ПОСТАРА од 3 месеци;
  • претходно изработени фотографии и алманах(од фирмата понудувач) за оценување на квалитетот
  • изјава од понудувачот дека фотографирањето ќе се изведе во студио со посебен простор за пресоблекување на учениците и тоалет;
  • изјава дека понудувачот ќе ја заврши работата во рок кој ќе го договори со Матурантите и нивните обврски;
    в) НАПОМЕНА:
  • алманахот и футролата да бидат во исти дезен и боја.
  1. Понудите да се достават во писмена форма (затворено плико) на адреса ОСУ”Св.Климент Охридски” – Охрид ул.Димитар Влахов бр.71
  2. Понудите да се достават во рок од 5 дена (сметајки наредниот ден од денот на објавата на огласот на веб страната на ОСУ”Св.Климент Охридски” Охрид)
  3. Критериуми за избор на најповолна понуда:
  • најповолна цена(само за тоа што се бара во понудата).
  • квалитет на изработка
  1. За извршениот избор на најповолна понуда, понудувачите ќе бидат известени во рок од пет дена од денот на изборот.
  2. Плаќањето за извршената услуга ќе се врши врз основа на склучен договор со училиштето во име на родителите, пред извршување на услугата(фотографирањето), со уплата од страна на учениците ИСКЛУЧИВО на каса од Понудувачот кој се обврзува уредно да издаде ФИСКАЛНА СМЕТКА (како би се избегнале додатни провизии кон Матурантите при уплата во банка, на жиро сметката на Понудувачот.

Комисија од родители на учениците
од завршната година при
ОСУ”Св.Климент Охридски” Охрид