ОГЛАС за набавка – Изработка на проектна документација за фаза термотехника – модификација на постојната машинска потстаница

ОГЛАС

ЗА  ПОТРЕБА ОД НАБАВКА 

 

ПРАВЕН ОСНОВ: Член 40 од Законот за јавни набавки, за набавка на услуги чиј вкупен износ не е поголем од  1000 eur. во денарска противвредност без данок на додадена вредност.

ДОГОВОРЕН ОРГАН

ОСУ „Св. Климент Охридски“-Охрид

Адреса: ул: „Димитар Влахов“ бр. 71

6000 Охрид

Лице/Телефон за контакт: Бојан Петровски 071 366118

Дополнителни информации може да се добијат на горната адреса.

ПРЕДМЕТ НА  НАБАВКА

  1. Изработка на проектна документација за фаза термотехника – модификација на постојната машинска потстаница. Проектната задача која ќе помогне при изработката на проектната документација е прилог на овој оглас.
  2. Проценета вредност: 60.000,- денари со вклучен ДДВ
  3. Посета на локација со претходна најава и договор на телефон: 071 362800 Даниел Печијарески
  4. Критериум за избор на најповолна понуда е најниската цена

ДОСТАВА НА ПОНУДА

Сите заинтересирани правни и физички лица понуда можат да достават на следната адреса:

ОСУ „Св. Климент Охридски“-Охрид

Адреса: ул: „Димитар Влахов“ бр. 71

6000 Охрид

преку пошта, лично во архивата на училиштето или на следната електронска пошта: mail@gimnazijaohrid.edu.mk најдоцна до 03.03.2020 год. до 11:00 часот со назнака „Понуда за оглас за изработка на проектна документација“

*Понудите испратени со електронска пошта потребно е, уредно да се потпишани, печатирани и во скенирана форма или потпишани со електронски потпис.

Образецот на понудата може да го преземете ТУКА

Проектната задача може да ја преземете ТУКА