Две Сребрени Почести на интернационалниот натпревар IYMC 2021

Горазд Блажески и Кристијан Шишкоски, ученици во II и III година при ОСУ „Св. Климент Охридски“, освоија две Сребрени Почести – „Silver Honour“ независно еден од друг на интернационалниот натпревар по математика „International Youth Math Challenge“ – 2021, каде учествуваа 98 земји. Наградите ги освоија во конкуренција од пет илјади и триста учесници.