Охридските гимназијалци во посета на фабриката ,,Magna mirrors“

На ден 27.02.2023 год. беше реализирана посета на фабриката ,,Magna mirrors“на канадската компанија ,,Magna Internacional“, со учениците од IV година од природно-математичките подрачја,во придружба на Директорот Светлана Велкоска и професорите по физика Јасмина Јанева и Марија Сиљаноска
Топло добредојде на учениците им посака Maintenance manager Сашо Сиљаноски кој воедно им одржа и воведно предавање за постоењето на фабриката и динамиката на нејзиното работење.
Учениците поделени во групи имаа можност да се запознаат со процесот на производство на автомобилски ретровизори и делови за истите, со најсовремени технологии како и примена на стандардите за производство во автомобилската индустрија.
Покрај разгледувањето во погоните во придружба на стручни лица од менаџерскиот тим во фабриката, учениците имаа можност да присуствуваат и на предавањата организирани од Mafact координаторот Александра Алексовска и HR business partner Ивана Тушевска, кои преку презентации на еден многу интересен начин успеаја да им објаснат на учениците за значењето на фабриката, нејзината дејност и можностите за идни вработувања.
На крајот на посетата учениците добија ладна закуска и видно задоволни и полни со импресии си заминаа од фабриката која е сместена во технолошко-индустриската развојна зона во Струга.