Јавен оглас

Ј А В Е Н  О Г Л А С

за намера за давање донација

  1. ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид изјавува намера да донира добро коешто повеќе не може да го користи, заради поддржување, промовирање и поддршка на дејностите од јавен интерес.

2. За таа цел преку овој јавен оглас се повикуваат сите заинтересирани субјекти кои ги исполнуваат условите од точката 5, да го пријават својот интерес во рокот определен во точката 11 од овој јавен оглас.

3. Предмет на донација е: 100 клупи

4. Предметот на донација е делив.

5. Услов за учество на овој јавен оглас е барателот на донацијата да биде:

– Домашно правно лице, од редот на: јавна установа, единица на локална самоуправа, здружение на граѓани и фондации од јавен интерес, орган на државна управа и друг субјект којшто со регистрација пред надлежен орган стекнал својство на правно лице, а врши јавна дејност;

– Урбани и месни заедници;

– Црковни одбори

6. Предметот на донација треба да е во согласност со дејноста на барателот и со него да се овозможи задоволување на неговите декларирани, јавно утврдени потреби и цели и/или да се овозможи да се решат одредени состојби или проблеми.

7. Доколку на огласот се пријават повеќе заинтересирани субјекти, предметот на донација ќе се донира на оној субјект којшто прв се пријавил.

8. Согласно со предметот на донација трошоците за транспорт ќе бидат на товар на барателот.

9. По примопредавањето на предметот на донација, примателот и барателот ќе изготват Записник за донацијата.

10. Барањето за донација се доставува по пошта или во архивата на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид на ул. „Димитар Влахов “ бр. 71 Охрид.

11. Јавниот оглас трае 7 дена од денот на објавувањето, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на овој оглас на веб страната на училиштето.