Нашите професорки по хемија присуствуваа на обука на тема ,,Изготвување на маркетинг план и финансиски извештај на ученичка и училишна компанија”

Од 1-3 март во организација на Junior Achievement Macedonia беше организирана обука на тема ,,Изготвување на маркетинг план и финансиски извештај на ученичка и училишна компанија”. На обуката активно учество зедоа и менторите на ученичката компанија од нашето училиште ,,синТбран” проф.Билјана Ставоска, проф.Вера Гушевска-Војнеска и проф. Јасминка Иваноска.
Им благодариме на Junior Achievement Macedonia за прекрасната и квалитетна обука и ги очекуваме на 29 март во посета на нашата гимназија заедно со гостите-членови на Junior Achievment тимовите од други европски земји.