Kонкурс за учество во Еразмус+ проект

Во согласност со правилата од грантот за Проектот  2020-1-PL01-KA229-081562,

Flipping home and school in teaching/learning process, кој е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија, а менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, 

Директорот нa ОСУ „Св. Климент Охридски“  од Охрид  распишува:

                                                             К  О  Н  К  У  Р  С

за аплицирање за учество на 2 ученици , кои преку овој проект би биле вклучени во Еразмус+ програмата, односно мобилноста што  ќе се одржи во април  2023 г. во Daugavpils, Латвија.

Учениците кои се заинтересирани да аплицираат за оваа обука треба да достават:

Мотивационо писмо;

Пополнат формулар (кој може да се преземе од кај педагошко,психолошка служба ) iили да се преземе од ТУКА.

Документацијата се доставува до секретарот на училиштето не подоцна од 10.3.2023 година.

Сите апликанти ќе бидат повикани на интервју на датум кој дополнително ќе биде определен. За интервјуто апликантите треба да подготват усна презентација на следнава тема:

ICT – new technologies – digital competences

Критериуми за избор на ученици за учество во проектот:

познавање на англиски јазик

успех од претходната година

поведение

мотивационо писмо

усна презентација

Во случај на исполнетост на основните критериуми од страна на повеќе кандидати, предност имаат ученици од природните паралелки, ученици кои припаѓаат на ранлива категорија ученици (ученици со самохран родител, ученици чии родители се приматели на социјална помош, ученици со посебни образовни потреби), како и ученици кои претходно не биле вклучени во други Еразмус+ проекти.

6.3.2023, Охрид