Основците од ОУ „Григор Прличев“ во посета на гимназијата

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во рамките на одбележувањето на 21-ви Март – денот на пролетта и екологијата, нашата Гимназија ја посетија основците од ОУ „Григор Прличев“ . Пред нив, учениците од втора година Софија Милевска, Сара Петкоска, Митко Савев, Јана Каралиевска и Ѕвездан Јончевски одржаа интерактивна презентација на тема „Екологија“. Во содржината беа опфатени сферите на загадување предизвикано од луѓето, како и последиците од истото. Беа прикажани и начините преку кои сите ние треба да придонесеме за природата. На присутните им беше дадена можност вистински да рециклираат, како и да направат нова хартија и компост. Учениците им ги презентираа и своите иновативни решенија – Еко паметните канти и одржливата гимназиска градина со цел да ја насочат публиката да размислува во таа насока. На крајот од презентацијата на учениците им беа подарени пликоа со семиња и интересни информации поврзани со темата. Учениците од ОУ „Григор Причев“ и нашите гимназијалци се разделија со ветување дека од сега сите, заеднички, ќе работат за подобрување на животната средина.