Грст награди на гимназијалците на општинскиот натпревар по Англиски јазик

На 18.3.2022 во организација на ЕЛТАМ во ОУ„Христо Узунов“ Охрид се одржа општинскиот натпревар за англиски јазик. На натпреварот нашите ученици успешно ја претставија Гимназијата и се пласираа на регионалниот натпревар. Исидора Маркоска I год. – прво место, Бисера Вранишкоска I год. – второ место, ментор Ана Топенчарова Коваческа; Јана Каралиевска II год. – прво место, Катерина Балева II год. – второ место, ментор Даниела Спироска, Нина Нелоска III год. – прво место, ментор Мартина Гавриловска, Анастасија Јаковческа III год. – прво место, ментор Сузана Ристеска.