Учество на настан со тема „Превенција од насилен екстремизам и радикализам кај млади“

Група наши ученици од трета и четврта година, учесници на проектот „Превенција од насилен екстремизам и радикализам кај млади“ беше дел од завршниот настан одржан во Хотел Лаки во Охрид на 10 септември 2024 година. Проектот е спроведен од страна на невладината организација „Жртва“ под покровителство на Општина Охрид во рамки на Reload повикот. Со овој настан се заокружија активностите имплементирани во текот на изминатата година, при што на присутните им се поделија прирачници, а дружбата заврши со  неформално вмрежување со желба за идни соработки.