Велосипедска тура во поддршка на Европската недела на спортот

Во рамките на EWoS (Европска недела на спортот) проект во реализација на Министерството за спорт, нашето училиште зеде активно учество и одржа велосипедска и ролерска тура со присуство на дел од учениците и професорите од гимназијата. Заедно со МВР и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот кои нè поддржаа во реализацијата водејќи грижа за нашата безбедност низ охридските улици, ја подигнавме свеста околу позитивните вредности на физичката активност, но и важноста на почитување на сообраќајните правила и прописи.