Реализирана првата мобилност од новиот Еразмус+ проект,,Practical is More Logical”- Кога теоријата станува пракса!

Со многу емоции и незаборавни искуства го заокруживме Еразмус+ проектот „Practical is More Logical“, кој траеше од 30.09.2024 до 04.10.2024, каде партнер-училишта  беа  средни  училишта  од Јанина, Грција и Даброва -Бјалисток, Полска. Оваа недела беше полна со активности кои го донесоа најдоброто од сите нас и ги претворија теоретските знаења од учебниците во пракса!

Учениците научија дека знаењето е најсилно кога се практикува!

Во текот на неделата, учениците  направија сапуни со природни масла, бои и мириси, како и уникатни приврзоци од епоксидна смола.

Го посетивме мини музејот за традиционално правење хартија и ја видовме репликата на Гутенберговата печатарска машина. Историјата оживеа пред нашите очи!

Нашата културна екскурзија до манастирот Св. Наум беше магична! Пловевме покрај палеолитското село „Заливот на коските“, го посетивме средновековниот манастир и изворите на езерото Охрид, кои ни ја покажаа важноста на екосистемите.

Во националниот парк Галичица, биолози ни предаваа за биодиверзитетот, а учениците учествуваа во забавни едукативни игри по математика, хемија, биологија и географија.

Една од најинтересните активности беше следењето на загаденоста на водите и контролата на хемиско-биолошкиот квалитет на водата во Охридското Езеро. . Собравме примероци и ги анализиравме во Центарот за јавно здравје.

Врвот на хемиската работилница беше експериментот каде што учениците научија како  се добива литиум карбонат – основна компонента на антидепресивите од  рециклирани литиумски батерии.

На затворањето на проектот ги прославивме нашите достигнувања со свечена церемонија и вечера. Секој учесник си замина со сертификат и многу убави спомени!

Овој проект  кој беше имплементиран од професорите:  Билјана Стевоска, Вера Гушевска-Војнеска,  Славица Кичеец, Ирена Бачиќ и Светлана Голабоска покажа дека кога теоријата станува пракса, учениците не само што учат, туку и уживаат во процесот!