Одличен пласман на скопскиот Wizz air маратон

На ден 06.10.2024 година се одржа јубилејното дваесетто издание на Wizz air скопскиот маратон. На ова издание учествуваа нашите ученици Јана Баткоска, Евгенија Огненова и Наум Стојановски и нивниот пријател Владимир Каланоски од ОЕМУЦ ” Св. Наум Охридски” во категоријата мешан штафетен маратон. Наум и Евгенија истрчаа по 11км, а Јана и Владимир по 10км. Маратонот го завршија за одлично време од 04:27:05 остварувајќи забележителен пласман и заземајќи го 32-то место од 84 екипи. Браво за  учениците, а идната година посакуваме да се веат и повеќе охридски знамиња.