Денес, 18.20.2024 година во нашето училиште се одржа средба за претставување на проектот „Здружи се за заедницата“ и Комунити апликацијата кои имаат за цел поттикнување на поврзување, соработка и позитивни промени во заедниците низ општините во државата.
Пред учениците и професорите беа претставени можностите кои ги нуди апликацијата, како се креира профил на истата и како апликацијата може да најде секојдневна примена во животот на секого.
Комунити е платформа која нуди нов и иновативен начин на учество и интеракција помеѓу граѓаните и нивните општини. Апликацијата е изградена врз принципите на инклузивност и достапност кон корисниците, обезбедувајќи сите членови на заедницата – без оглед на возраста, потеклото или техничкото знаење – да можат активно да учествуваат во обликувањето на иднината на нивната општина.
Оваа средба беше меѓу првите во низата настани кои се дел од Комунити караванот и беше збогатена со корисни информации, доделување награди на најактивните ученици и многу други активности.




