Во Гимназијата започна со работа Медиумскиот клуб во рамки на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Наставник-координатор кој ќе раководи со Медиумскиот клуб е проф. м-р Перчо Божиновски.
Учениците по предметот Говорење и пишување во втора година имаа чест да бидат меѓу првите вклучени и заедно упатуваме повик до сите ученици кои имаат желба и интерес да се вклучат во работата на клубот.
Целта е создавање веродостојни, објективни и проверени медиумски содржини користејќи различни формати, а ќе биде објавен и конкурс за најдобар медиумски производ подготвен од страна на медиумските клубови од селектираните средни училишта.
Медиумскиот клуб е нашата гимназиска приказна!
