Обединети против врсничко насилство: пораките на „Антигона“ во срцето на Неапол

Нашите ученички  Сара Велјанова и Софија Мирческа беа дел од инспиративната театарска изведба на „Антигона“ од Софокле, која се реализираше во рамки на Еразмус+ проектот „Обединети против врсничко насилство“ во средното училиште И.С.И.С „ Алфонсо Казанова“ во Неапол, Италија. Средношколци од Франција, Италија, Србија, Турција и нашата гимназија, под раководство на професионален режисер, здружени преку уметноста  испратија силна порака: Заедно можеме да се спротивставиме на врсничкото насилство и да градиме општество засновано на почит и разбирање!

Посебен момент од претставата беше настапот на Софија Мирческа, која ја изведе песната„Јас сум незапирлива“ од Сиа. Нејзиниот моќен вокал и зборовите на песната совршено ја надополнија драмската порака, истакнувајќи ја непоколебливата сила на младите да се борат за правда и добрина.

Оваа театарска интерпретација покажа дека врсничкото насилство може да се надмине со здружување, емпатија и креативност. Работејќи заедно, младите научија како преку уметноста да изразат солидарност и да изградат посилни врски меѓу себе, надминувајќи ги културните и јазичните бариери. Покрај претставата, учесниците го истражуваа историскиот и културниот дух на Неапол – од античката Помпеја до Националниот археолошки музеј. Но најголемото богатство од ова искуство беше свеста дека обединети можеме да направиме вистинска промена.

Со театарот како платформа, младите испишаа нови страници на пријателство и разбирање.