Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, на 28 септември 2026 година, се одржа свечен настан по повод одбележувањето на два значајни јубилеи – 30 години реализација на програмата „Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) на локално ниво и 30 години од формирањето на Клубот на млади на Црвен крст Охрид.
Настанот беше посветен на сите генерации млади кои низ изминатите три децении беа дел од активностите на Црвен крст Охрид, придонесувајќи со својата хуманост, солидарност и волонтерски ангажман кон создавање похумана и посолидарна заедница.
Преку одбележувањето на овие јубилеи беше истакнато значењето на младите и нивната активна улога во хуманитарните активности, како и важноста на волонтерството и пренесувањето на хуманите вредности од една на друга генерација.
На настанот присуствуваа и ученици од нашата Гимназија придружувани од професорот по историја Михаил Патчев.
Присутните имаа можност да се запознаат со долгогодишната работа на Црвен крст Охрид, значењето на програмата ЦКА-ПХВ и улогата на Клубот на млади во поттикнувањето на младинскиот активизам, хуманоста и волонтерството.
Јубилејниот настан испрати порака дека хуманоста, солидарноста и доброволното ангажирање остануваат трајни вредности, а младите се важен носител на нивното продолжување и развивање во иднина.



