Со особена гордост споделуваме дека нашата Гимназија се најде меѓу 10-те најуспешни училишта во деветмесечната обука за вештачка интелигенција, организирана од Министерството за образование и наука во соработка со Brainster Next.
Успехот на нашата Гимназија е дополнет со извонредните резултати на тројца наши професори, кои се најдоа меѓу 100-те најуспешни учесници на обуката:
🏆 Кристина Љубисављевиќ Петровска – меѓу 10-те најуспешни наставници;
🌟 Надица Николоска Филипоски – меѓу 100-те најуспешни наставници;
🌟 Ѓоко Доревски – меѓу 100-те најуспешни наставници.
По завршувањето на деветмесечната обука, најуспешните наставници и училишта добија сертификати и признанија за својата посветеност, вложениот труд и стекнатите знаења во областа на вештачката интелигенција.
Овие резултати се потврда за континуираната заложба на нашата Гимназија за унапредување на наставата, професионално усовршување на наставниот кадар и примена на современите технологии во образовниот процес.
Во време кога вештачката интелигенција отвора нови можности, но и предизвици, особено важно е учениците да се оспособат да ја користат креативно, критички, етички и одговорно. Затоа, стекнувањето нови знаења и нивното пренесување во училницата претставуваат значаен чекор кон поквалитетно и современо образование.
Им честитаме на нашите професори за постигнатиот успех и им посакуваме уште многу професионални достигнувања!
Горди сме што нашата Гимназија е дел од образовните промени што создаваат нови можности за нашите ученици!


