Посета на нашето училиште од 50 наставници од Романија

На 30.10.2024 година нашето училиште беше домаќин на 50 наставници и професори од Романија кои одржаа работилница на тема “New approaches in green transition for educational institutions”. Ова здружение на наставници од романската институција “Teacher’s training house Bucharest” (Casa Corpului Didactic Bucuaresti) заедно со своите водичи ја посетија нашата Гимназија со цел размена на искуства во рамките на имплементацијата на зелената транзиција, наставата во училиштата и Еразмус+ проектите како можност за заедничка соработка.