Вчеравечер, 30.12.2024, членовите на драмскиот клуб при ОСУ „Св Климент Охридски“ – Охрид: Димитар Ѓуроски, Ѕвездан Јончевски, Анастасиа Атесленко, Јана Каралиевска, Софија Милевска, Сара Петкоска, Јана Патчева и Ангелина Бошкоска, во НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид ја изведоа комедијата „Инспекторот“.
Претставата е инспирирана од комедијата „Ревизор“ од Николај Васиљевич Гогољ.
Ги пофалуваме младите таленти и ги поттикнуваме сите заинтересирани ученици да се вклучат во прекрасната работа на драмскиот клуб.








