Гимназијалците на предавање по повод Светски ден без тутун

Денес во нашата Гимназија се одржа предавање “Демаскирање на привлечноста” по повод утрешниот Светски ден без тутун.

На учениците од прва година им се обрати д-р Даниела Чингоска од Центар за јавно здравје- Охрид, појаснувајќи им ги ризиците и последиците од пушењето како една од најраспоространетите зависности.