Првите три места за гимназијалците на младинскиот турнир во шах „Ласкер 2026“

Во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, денеска, со почеток во 11:00 часот, во ООУ „Братство Единство“ во Охрид се одржа XI Младински турнир во шах „Ласкер 2026“, наменет за учениците од средните училишта во Општина Охрид.

Младите шахисти се натпреваруваа во пет кола според Бергеровиот систем, односно секој учесник играше против секој од останатите натпреварувачи.

Нашите гимназијалци постигнаа одлични резултати, освојувајќи ги првите три места:

🥇 1. место – Михаил Николовски, IV година
🥈 2. место – Павел Мишески, I година
🥉 3. место – Јован Пуроски, I година

Им честитаме на Михаил, Павел и Јован за постигнатиот успех, посветеноста и покажаните шаховски вештини! Им посакуваме уште многу успеси и нови победи на идните натпреварувања!

Браво за нашите гимназијалци!