Oхридската гимназија свечено ги додели дипломите на матурантите од генерацијата 2021/2022

На 9.08.2022 година во  Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа традиционалното доделување на дипломите на матурантите од генерацијата 2021/22 година. Матурантите ги поздрави градоначалникот Кирил Пецаков и Директорката на ОСУ „СВ Климент Охридски“ Светлана Велкоска.

Во своето обраќање, Директорката ги поздрави матурантите и им посака успех во нивното понатамошно образовно усовршување:

„Посебна чест и задоволство ми е во духот на Светиклиментовата школа да ја поздравам и испратам оваа генерација матуранти од нашата Гимназија.

Ако пред четири години нашите порти беа отворени за вас, драги матуранти, сакајќи да ве подготвиме со нови знаења  за нови предизвици , денес тие порти од нашиов храм широко ги отвораме гордо за да ве испратиме по стапките на свети Климент кон посветла иднина.

Воедно, би ви посакала секогаш да се почитувате себеси, да ги почитувате вашите родители, и секако вашите учители. Само така ќе се стремите да ја постигнете целта што сте си ја поставиле , а вашите соништа ќе станат стварност.

Не заборавајте, во секој миг од вашето постоење и достигнување да останете горди на тоа што сте биле, на тоа што сте и ќе бидете – дел од мозаикот на сиот македонски род.

Со љубов следете го срцето и гледајте во сонцето зашто само тоа е вечно, секаде околу нас.

Да сте здрави и живи, Нека ви е честита матурата!“

Пред матурантите се обратија учениците Михаил Жупан и Љубица Јованоска и ја поздравија својата генерација. На крајот им беа доделени награди на учениците со континуиран одличен успех и за постигнувања на регионалните и државни натпревари.  

Линк од галерија со фотографии ТУКА