Златен медал на Меѓународниот натпревар по Астрономија и Астрофизика

На Меѓународниот натпревар по Астрономија и Астрофизика учениците од Охридската гимназија постигнаа извонреден успех пласирајќи се меѓу најдобрите 1% од вкупно 4600 учесници од 68 земји во светот во возраст од 14 до 18 години

Кристијан Шишкоски и Ева Китрозоска ученици во III година при ОСУ “Св. Климент Охридски” освоија златен медал,

додека Нина Стевоска и Горазд Блажески, ученици во II година освоија сребрен медал.

Истовремено, Кристијан Шишкоски освои посебна награда за најдобар претставник од Македонија на национално ниво. Ментор на наградените ученици е проф. Виолета Никовска.