Наши ученици и професори на информативна сесија за Еразмус+

Во соработка со Europe House Струга, на 15 октомври во Младински Центар Охрид (поранешна касарна) се одржа информативна сесија за Еразмус+ програмата, една од најпознатите програми на Европската Унија наменета за млади.

На информативната сесија учество зедоа и наши ученици и професори, покрај претставниците од други средни училиштата, претставници на младински и невладини организации, како и млади индивидуалци, кои дознаа за можностите и придобивките за млади лица што ги нуди Еразмус+. 

На сите прашања за можностите одговараа претставниците од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност која директно раководи со Програмата.