На ден 06.10.2024 година се одржа јубилејното дваесетто издание на Wizz air скопскиот маратон. На ова издание учествуваа нашите ученици Јана Баткоска, Евгенија Огненова и Наум Стојановски и нивниот пријател Владимир Каланоски од ОЕМУЦ ” Св. Наум Охридски” во категоријата мешан штафетен маратон. Наум и Евгенија истрчаа по 11км, а Јана и Владимир по 10км. Маратонот го завршија за одлично време од 04:27:05 остварувајќи забележителен пласман и заземајќи го 32-то место од 84 екипи. Браво за учениците, а идната година посакуваме да се веат и повеќе охридски знамиња.


